Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 155.608 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Слика на албумот „Македонско девојче 2“
Слика на албумот „Македонско девојче 2“

Македонско девојче 2“ — осмиот студиски албум на македонската пејачка Каролина Гочева првпат излезен во продажба на 25 февруари 2014 година. Албумот е издаден преку дискографската куќа Авалон продукција во Македонија. Хрватската куќа Далас рекордс исто така го издала албумот низ земјите на поранешна Југославија во април 2015 година. Албумот содржи осум оригинални песни напишани од страна на Валентин Соклевски и Весна Малинова, за чиј аранжман и продукција се погрижиле Никола Мицевски и Дејан Момировски. Покрај горенаведените песни, на „Македонско девојче 2“ исто така можат да се најдат две преработки од кои една е на македонска народна песна, а другата е на песна оригинално снимена од страна на пејачот Пепи Бафтироски. Мотивацијата за снимањето на албумот Гочева ја добила од успехот на нејзиниот претходен проект инспириран од македонската народна музика, „Македонско девојче“ (2008).

Финализацијата на проектот траела две години поради желбата на тимот кој работел зад него да го усоврши колку што може повеќе. Според Гочева и продуцентот Мицевски, доброто познавање на тимот од претходно помогнало во процесот на снимање и одредување точна насока и цел со снимањето на „Македонско девојче 2“. Музички, албумот е сличен на неговиот претходник. Песните се одликуваат со елементи од македонскиот народен фолклор, но се адаптирани во посовремен стил кој е актуелен во времето на издавањето на албумот, односно содржат елементи и од поп и џез музика. Во текстовите, се опеани чувства на тага, среќа, љубов и копнеж на зрела жена. Сите песни биле компонирани специјално за Гочева притоа земајќи ги во предвид нејзините широки вокални способности; карактеристично е отсуството на следечки вокали.

Албумот бил голем критички и комерцијален успех. Во 2014 година бил прогласен за најпродаваниот албум во Македонија за таа година. Три сингла биле издадени од албумот; песната „Чалгиска“ е објавена на 6 декември 2013 година пред албумот да биде издаден во продажба, „Две лири (не ни било пишано)“ била претставена во јануари 2014 и „Кој да ми запее“ била издадена во април 2015 година и почнала да кружи низ радио станиците во Македонија и државите од бивша Југославија. Со цел дополнително да го промовира „Македонско девојче 2“, Гочева одржала голем број на концерти во разни градови низ Македонија пред и по издавањето на албумот. Голем дел од нив биле документирани и прикажувани на различни ТВ емисии, како и на официјалните профили на пејачката на социјалните мрежи и на видео платформата YouTube. Од 2015 година, турнејата за промоција на албумот се одвивала и во Србија. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Македонска мусака од компири
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Авион „Потез 29“ пред хангар на „Аеропут“
Авион „Потез 29“ пред хангар на „Аеропут“
На денешен ден…

Денес е 13 октомври 2025 г.

Настани:

1307  Стотици витези Темплари биле уапсени во Франција по наредба на Филип Добриот и подоцна измачувани за да признаат дека се кривоверци.
1792  Поставен е камен-темелникот на Белата куќа во Вашингтон.
1884  Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзален (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата.
1943  Под притисок на сојузничките водачи, италијанскиот крал Виктор Емануел III и неговиот премиер Бадољо ѝ објавиле војна на Германија, на тој начин Италија, барем оној дел кој бил под сојузничка контрола, се придружила на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дошло дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија.
1952  Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески.
1972  Над Андите се урнал авионот во кој се наоѓала репрезентацијата на Уругвај во рагби.
2016  По смртта на татка си, Маха Вачиралонгкорн е прогласен за крал на Тајланд (со владетелско име Рама X).

Родени:

1474  Мариото Арбертинелииталијански сликар, претставник на француската школа на високата ренесанса.
1911  Андре Навара, француски виолончелист.
1923  Драга Чаловска - Секуловска — македонски новинар, учесник во НОВ од 1941 година и еден од основачите на Радио Скопје.
1925  Маргарет Тачер — првата жена премиер на Велика Британија, наречена „Железната леди“.
1927  Ли Кониц — американски џез-музичар.
1931  Рејмон Копа — француски фудбалер.
1932  Душан Макавеев — српски и југословенски режисер.
1941  Пол Сајмон — американски поп-музичар.
1948  Нусрет Фатех Али Кан — пакистански музичар.
1941  Нана Александрија — грузиска шахистка.
1956  Синан Сакиќ — српски и југословенски фолк-пејач.
1961  Док Риверс — американски кошаркар и тренер.
1967  Хавиер Стомајор — кубански атлетичар.
1971  Саша Барон Коен — британски глумец и комичар.
1977  Пол Пирс — американски кошаркар.
1989  Карлос Бетанкур — колумбиски велосипедист.
1990  Милица Тодоровиќ — српска пејачка.

Починале:

1822  Антонио Канова — италијански неокласицистички вајар (р. 1757)
1984  Илија Зафировски — македонски новинар.
2003  Ѓорѓи Колозов — македонски глумец, прочуен по улогите во ТВ-серијалите „Македонски народни приказни“.
2016  Пумипон Адунљадеткрал на Тајланд.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 340 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич